Александар Дамчевски (30) од денеска е нов член на тимот на Кичи од Хонг Конг. Ова е по малку егзотичен трансфер ако се знае дека Дамчевски е некогашен репрезентативец на Македонија, дефанзивец кој во помлади години ветуваше многу.
Играше во клубови од Швајцарија, Франција, НАК Бреда во Холандија, потоа во Казахстан, Кипар, Ерменија, Албанија каде од тимот на Билис се пресели на Далечниот Исток.