ПСЖ тргнува по Осимен…првата понуда е 110 милиони евра!

140

Се чини дека ПСЖ и дефинитивно се подготвуваат за „живот“ после Килијан Мбапе. Имено новиот стратег Луис Енрике, заедно со раководството на “светците“ е во налет во летниот преоден рок. Купени се неколку квалитетни играчи, да потсетиме дека си замина и Лео Меси, но недостига класичен шпиц.

А ПСЖ него го гледа во Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи, соиграчот на нашиот Елиф Елмас кој имаше фантастична сезона во која Наполи ја освои и титулата во Серија А.

Па затоа ПСЖ тргнува по Осимен, испратена е официјална понуда и тоа висина од 110 милиони евра, на Осимен му се нуди 12 милиони евра плата по сезона.

Се разбира дека ќе има натегање со газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, но ПСЖ веројатно ќе оди до 12 милиони за отштета, сума која исто така веројатно Де Лаурентис ќе ја прифати.

ПретходноПо неколкуте пластични операции: Српската тениска судијка не личи на себе! (ФОТО)
СледноЛШ: Слован киксна против Есперанж, Куцка гризна играч и „поцрвене“ (видео)