Во Баерн Минхен нема место за Мане!

177

Садио Мане сигурно нема да биде дел од составот на Баерн Минхен во новата сезона, тврди „Кикер“. Сенегалскиот напаѓач веќе е информиран од раководството на клубот дека нема да се смета на него.

Мане пристигна минатото лето од Ливерпул, но не ги оправда големите очекувања. Тој пропушти дел од сезоната поради повреда, а потоа влезе во скандал со удирање на соиграчот Лерој Сане.

31-годишниот Сенегалец е меѓу најскапите фудбалери во Баерн, што е и една од причините поради која бара купувач. Мане има понуди од Саудиска Ал-Нaср и Ал-Итифак, но не е јасно дали би се согласил да ја продолжи кариерата надвор од Европа.

Договорот на напаѓачот со Баварците е до 2025 година.

ПретходноЛК-квалификации: “Лавовите“ на мегдан со силните Летонци!
СледноФК Вардар: Повик до сите фирми и компании, вашето место, како важни општествени чинители е тука заедно со нас и народот