Полувреме: “Лавовите“ немоќни, РФС има водство (ВИДЕО)

348

По првите 45.минути од првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛК, Македонија ЃП против РФС има минус. Гостите од Летонија водат со 0:1 и тоа со голот на Андреј Илиќ, кој по асистенцијата на Коуадио во таа 34.минута стрелаше за водство.

Претходно Летонскиот тим имаше шанси преку Мареш во 23.минута од слободен удар и Маркиев во 30.минута за уште некој гол.

Македонија ЃП е немоќна на теренот на ФФМ во овој скопски пекол, едноставно се гледа каде е квалитетот. Нашиот претставник не успеа да дојде макар до некоја акција која би “мирисала“ на гол.

Во 44.минута Илиќ имаше шанса за уште еден гол, но неговиот удар со глава заврши во горниот дел од пречката на Стевковски.

ПретходноЃорческа се пласира во четвртфиналето во Рим
СледноСтојан Стојчевски ја зацврсти одбраната на Воска