Жабер втор пат по ред во финале на Вимблдон, за трофејот ќе се бори со Вондрусова

129

Туниската тенисерка Онс Жабер се пласира во финалето на Вимблдон откако ја елиминира Арина Сабаленка со 2-1 во сетови. Во првиот сет Сабаленка го доби во тај-брејкот, но Мароканката успеа да ги добие следните два и да обезбеди полуфинале (6-4 и 6-3).
Жабер лани играше финале кое го загуби од Елена Рибакина, сега е решена да го освои трофејот и да го донесе најголемиот успех на тунискиот тенис.
Противничка на Жабер во борбата за трофејот ќе биде Маркета Вондрусова која славеше со 2-0 (6-3 и 6-3) против Елена Свитолина. Тоа ќе биде второ Гренд слем финале за Вондрусова по она на Ролан Гарос пред четири години кое го загуби од Ешли Барти.

ПретходноСтојан Стојчевски ја зацврсти одбраната на Воска
СледноРеџина исфрлена од Серија Б