Луис Енрике подготви список за бркање: ПСЖ мора да продаде 10 фудбалери!

5280

Раководството на Пари Сен Жермен во соработка со новиот тренер Луис Енрике направи список од десет имиња на фудбалери кои клубот ќе направи се за да ги продаде до крајот на летото, пренесува „Ле Паризиен“.

На овој начин газдите на ПСЖ ќе се обидат да заштедат ни помалку ни повеќе туку 60 милиони евра само за плати.

На листата на непотребни се најдоа аргентинскиот играч од средниот ред Леандро Паредес, германскиот играч за врска Јулијан Дракслер, холандскиот играч за врска Џини Вајналдум, голманот Кејлор Навас, француските дефанзивци Колен Дагба, Левен Курзава и Ел-Шадаи Битишабу, сенегалскиот дефанзивец Абу Диало, како и Икарди и младиот Екитике.

ПретходноЦрвена Звезда ја најде замената за Кампацо
СледноОнана до среда мора да потпише за Манчестер Ј. за да замине на турнејата во САД