Манчестер Јунајтед ќе го заврши договорот за потписот на Андре Онана во следните 24 часа, објави „TalkSport“. Голманот набрзо ќе заврши со Интер за да може да се приклучи во тимот на Јунајтед кој заминува на турнеја во САД.
Откако Онана ќе парафира, Тен Хаг веднаш ќе го продаде Дин Хендерсон во Нотингем Форест.
Интер и Манчестер Јунајтед се многу блиску до финализирање на трансферната сума со личните услови кои треба да се договорат. Онана треба да потпише петгодишен договор и во среда ќе одлета за Њујорк со тимот на „црвените ѓаволи“ доколку навреме ги заврши медицинските прегледи.