Победник на 136 издание на Вимблдон е Карлос Алкараз во едно епско финале со 3:2 во сетови против Новак Ѓоковиќ
Фантастичен тенис, фантастичен дуел, нешто нестварно.
Сепак Новак не е непобедлив, ПРИНЦОТ го урна КРАЛОТ. Ова е прв трофеј за Карлос Алкараз на Вимблдон, освоен на само 20 години.
Новак не успеа, но и натаму останува најголемиот во историјата, сепак пред Карлитос е блескава иднина.
А се почна фантастично за Новак. Првиот сет експресно го доби со 6:1 во гемови. Фантастичен тенис на Србинот во ова финале, во своето 35 грен-слем финале или негово деветто во кариерата на Вимблдон.
Сепак работите во вториот сет се свртија. Младиот Шпанец успеа да го добие во тај-брејк со 8:6, иако Новак беше блиску до освојување на сетот.
Во третиот сет тотална доминација на Алкараз. Новак беше во аут, ништо не му поаѓаше од рака што се вели, токму затоа и го загуби сетот со 6:1 во гемови. Шпанецот брилјираше во тие моменти за водство од 2:1 во сетови
Но Новак не би бил најдобар во историјата ако не успее да зе извлече од бездната, да најде сила за да се врати во игра, и се врати во четвртиот сет кој го доби со 6:3 за израмнување на резултатот во ова финале.
И во петтиот сет трилер, кој на крајот го доби Алкараз со 6:4 во гемови за триумф.