Она што беше за очекување, од денеска е и официјално. Имено попладнево од клубот од “Олд Трафорд“ на своите социјални мрежи објавија дека имаат нов капитен. А тоа Бруно Фернандеш.
Ова доаѓа откако на досегашниот капитен Хари Мегваер, му беше кажано од страна на стратегот Ерик тен Хаг дека на него не се смета во следната сезона и дека може да си бара нов клуб.
Инаку и досега на неколку натпревари, Португалецот ја носеше капитенската лента.