ОФИЦИЈАЛНО: Онана потпиша 5-годишен договор со Манчестер Ј. за 52,5 милиони евра

199

Андре Онана и официјално е нов голман на Манчестер Јунајтед.

Англискиот клуб го објави трансферот на 27-годишниот камерунски чувар на мрежата. Тој потпиша 5-годишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Претходно беше објавено дека Интер ќе добие 52,5 милиони евра како фиксна сума од продажбата на играчот, а уште 5 милиони се обезбедени како лесно остварливи бонуси.

Денеска новиот голман на Манчестер Јунајтед полета од Англија за Њујорк, каде ќе им се приклучи на новите соиграчи на американската турнеја.

Претходно„Тутомеркато“: Трајковски се враќа во Серија А? Три клуба се борат за него!
СледноКадетите поразени на контролката со Хрватска