Јонас Вингегард од Данска е годинашниот освојувач на најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур Д`Франс“. Тој денеска последната етапа, која се возеше низ улиците на Париз само формално ја заврши зошто се знаеше и претходно дека тој се севкупниот победник, како што беше и на минатиот Тур Д`Франс. Последната етапа му припадна на Меус од Белгија.
Инаку Данецот е член на тимот “Џамбо Висма“, а неговото севкупно време, на целата трка е 82:05,42 часови, додека второто место во генерален пласман му припадна на Тадеј Погачар од Словенија, а трет Адам Јејтс од В. Британија.
🥂 Champagne for @JumboVismaRoad! 🥂
🫶 @WoutvanAert #TDF2023 pic.twitter.com/H00YF8SnlI
— Tour de France™ (@LeTour) July 23, 2023