Милвоки во големото финале на НБА (ВИДЕО)

243

Кошаркарите на Милвоки ќе играат во големото финале на НБА, откако ноќеска ја победија Аталанта, и ја совладаа со 4:2 во серијата. Со одличната трета четвртина, во која направија огромна предност, на крајот Бакси славеа со 118:107.

Милвоки и без Адетокумбо беше подобар, и од тука овој успех е уште поголем. Бакси трет пат во историјата влегуваат во финале, а ќе се борат за својот втор шампионски прстен, после оној од 1971 година.

Гостите го решија натпреварот со тројки во третата четвртина. Аталанта до тогаш се држеше, а потоа целосен распад. За неколку моменти Милвоки отиде на +12, а во фантастичната трета четвртина дадоа дури 44 поени. Хоукс на крајот само го ублажи поразот.

Мидлтон беше најефикасен со 32 поени.

ПретходноСтрашна Англија! И нанесе дебакл на Украина за полуфинале на ЕУРО (ВИДЕО)
СледноМеси ја однесе Аргентина во полуфинале на Копа Америка, Колумбија на пенали го исфрли Уругвај (ВИДЕО)