Пријателска: Скопје го “торпедираше“ Башкими!

2015

Екипата на Скопје, која во следната сезона ќе игра во ВМФЛ, денеска во пријателски натпревар го победи Башкими со 4:1. Инаку и кумановци во следната сезона ќе играат во второлигашкото друштво.

Првиот гол за “пиратите“ беше дело на Антонио Божиновски од слободен удар, вториот исто така го постигна Божиновски откако преттходно убаво му асистираше Омерагиќ. Додека Кировски зголеми на 3:1, со тој резултат се замина на пауза. Во продолжение исто Кировски стрелаше за конечни 4:1.

Инаку како што е познато на клупата на Скопје се врати Љупчо Марковски – Калц, а Скопје следната пријателска ќе ја игра со Гостивар в четврток.

ПретходноУрнебесно: Еве како Норис го скрши пехарот на Ферстапен! (ВИДЕО)
СледноНемири во “мирната“ Шведска: Хаос и прекин на дербито АИК – Малме! (ВИДЕО)