Данските фудбалери обезбедија пласман во полуфиналето на ЕУРО 2020 со победата над Чешка на стадионот во Баку. Меѓутоа низ данските медиуми може да се прочитаат негативни критики за изборот на УЕФА да Азербејџан биде еден од организаторите на ова ЕУРО.
„Овој меч не требаше да се игра во Баку. Земјата е под диктатура, потоа е предалеку од останатите земји. Нема причони да се игра таму, а постојат и неколку причини“, пишуваат медиумите.
Новинарите кажуваат дека Азербејџан едноставно не е фудбалска земја, и дека никогаш ништо не направила, а нивен најпознат фудбалски работник е Тофик Брахрамов, линиски судија кој што во финале на СП 1966 година му признал гол на Џеф Херст.
Претходно на одлуката да се игра во Баку се пожалија и Чесите.