Косово со реакција по контроверзната кореографија на “Делиите“!

1379

Синоќа на “Маракана“ во Белград, Ц. Звезда во пријателски меч ја „торпедираше“ Фиорентина со 5:0. Домашните фанови, а ги имаше 37.000, беа воодушевени од настапот на тимот на новиот тренер Барак Бахар.

Сепак убаво се виде и еден транспарент на трибината каде што беа “Делиите“, најверните фанови на Ц. Звезда.

На него пишуваше – Кога војската ќе се врати на Косово. По ова веднап Фудбалскиот сојуз на Косово реагираше до УЕФА и вложи жалба. Се бара од надлежните во УЕФА под итно да се истражи овој случај и се бара остри санкции за навивачите на српскиот шампион.

ПретходноПријателска на Автокоманда: “Пиратите“ поразени од Гостивар!
СледноВо пресрет на мечот Шкупи – Левски: Инциденти во Чаир и на Националната Арена (ВИДЕО)