На ЕП за играчи до 18 години -Б дивизија, во натпреварот кој решаваше дали ќе играме за 9. до 13, или од 13. до 16. позиција на првенството во Португалија, Македонија загуби од Унгарија со 86:70.
Уште во раната фаза, противниот се стекна со солидна предност, на истекот на првата четвртина беше (23:14).
Имаа Унгарците и уште повисоки (37:24), но враќањето во игра на Шошкиќ, кој набрзина стигна до двоен број на поени, 12, донесе нешто поефикасна игра на нашата јуниорска селекција. Се доближивме на негатива од седум поени (32:39). Но не „отидовме“ и преку тоа.
На големата пауза Унгарија сепак однесе двоцифрен плус, имаше десет поени вишок, (44:34).
Второто полувреме не донесе некои посериозни промени, ниту во играта уште помалку во резултатот. Унгарците ја одбранија, дури и зголемија предноста која ја стекнаа во првото полувреме, и стигнаа до триумф кој ги става во позиција да се борат за повисоки позиции на првенството.
По овој нов пораз на шампионатот во Португалија, извесно е дека ќе се бориме за пласман, од 13. до 16. позиција.
Шошкиќ го заврши овој натпревар со 14. реализирани поени, а Иванов дојде до десет. По овој нов пораз на шампионатот во Португалија, извесно е дека ќе се бориме за пласман, од 13. до 16. позиција.
Утре нè чека дуел против поразената селекција од мечот Португалија-Естонија, кој стартува од 21.30 часот.