Хери Кејн на само гол од рекордот на Гери Линекер

335

Хери Кејн сега е на само еден гол од рекордот на Гери Линекер ко засега е рекордерот на Англија со десет погодови на големите натпреварувања. Кејн со двата гола во победата од 4:0 над Украина во четвртфиналето на Евро 2020, стигна до девет гола што значи дека е на прагот да го мине Линекер. 

Интересно е да се напомене дека сите 10 гола на Гери Линекер за Англија на големите шампионати се на светските првенства.

Кејн веќе има вкупно 37 голови на 59 натпревари за „трите лава“, а против Данска во полуфиналето ќе се обиде да го сруши рекордот на Линекер. 

 

ПретходноОвермарс: Нема шанси Тадиќ да оди во Милан
СледноМанчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Лук Шо