Лоренцо Инсиње во моментов има 30. години, и во текот на целата негова фудбалска кариера е поврзан со тимот на Наполи. Одеше по позајмици, но секогаш му остана верен на клубот од Неапол.
Сега, дали е дојдено време за разделба сеуште не е дефинтиивно познато, но околностите се следни. Тој во Наполи заработува 5 милиони по сезона, а летово ќе бара покачување. Има одлична сезона зад себе, блеска и на ЕУРО.
Наполи не е во моментов во ситуација, да се расфрла со пари, па затоа Барселона односно тотенхем се екипите кои планираат оваа ситуација да ја искористат. Ќе се обидат со сите сили да го привлечат напаѓачот, кој и самиот веројатно сака да се испроба во некој од топ екипите во Европа.