Како гневните реакции на Новак делуваат кај Иванишевиќ

529

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ при неговото пристигнување на турнирот во Умаг даде интервју во кое се осврна на натамошните планови на целиот тим околу српскиот тенисер.

„Малку се одмори, кон крајот на неделата почнуваат подготовките за американската турнеја, полека ќе почне со „билдање“ на кондицијата, а потоа и тенисот. Не знам точно, но кон средината на месецот ќе замине во Синсинати“, вели Иванишевиќ.

Понекогаш Новак може да реагира импулсивно и да упатува навреди кон стручниот штаб, критикувајќи ги, но Горан тврди дека тоа не е ништо премногу сериозно.

„О, тоа е глупост. Прво, не можам да слушнам половина од тоа. Тоа се огромни полиња, публиката вика и не се слуша. Тоа не ми пречи, тоа се емоции, тој мора некаде да ги извади. Постојано се пишува за тоа. Разговаравме за тоа милион пати и воопшто немам проблем. И јас бев играч, понекогаш тешко е да се каже техничка работа во два секунди. Важно е да игра што е можно подобро“, објасни Иванишевиќ.

По поразот во финалето на Вимблдон, Новак сега се подготвува за последниот Грен слем во сезоната на УС Опен.

ПретходноРед Бул Салзбург има нов тренер
СледноБешикташ го потврди Анте Ребиќ