Тимот на Баерн Минхен дефинитивно ќе има нов голман следната сезона. Откако Јан Зомер си замина, сега треба да се донесе негова замена.
Се шпекулираше со неколку имиња, деновиве најблиску до Минхен беше чуварот на Брентфорд, Давид Раја, и тој беше е фаворит на управата на Баерн. Сепак, високата цена на Шпанецот (40 милиони фунти) засега го кочи трансферот.
Баерн во изминатите неколку дена имаше конкретни разговори со Раја, неговиот агент и Брентфорд, при што клубот понуди да го земе голманот на позајмица со опција за купување. Сепак, оваа опција беше отфрлена од самиот фудбалер. Сепак, германскиот шампион не се откажува дефинитивно од Раја, но стартува преговори и со Севиља, за да го откупи и Јасин Боно.
Мароканецот ќе се согласи и на позајмица, Севиља веројатно нема да се согласи на тоа, но тешко дека тој ќе чини колку и Раја. Тоа пак му одговара на Баерн.
Bayern had concrete talks with David Raya, his agent and Brentford in the past few days and showed everyone involved a clear plan. The club offered a loan deal with option to buy, which was rejected by the goalkeeper on Sunday [@kerry_hau] pic.twitter.com/dDTwPd68a4
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 30, 2023
Yassine Bounou is a concrete alternative for Bayern. The Moroccan is much more open to a move to Munich than David Raya. Bono can also imagine joining Bayern on loan, but Sevilla are unlikely to accept that [@kerry_hau] pic.twitter.com/C74TFla5xK
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 30, 2023