Официјално: Фиорентина на местото на Јувентус во Конференциската лига

82

Тимот на Фиорентина и официјално ќе го заземе местото на тимот на Јувентус во Конференциската лига за сезоната 2023/24. Оваа информација ја споделија од прес службата на клубот во текот на денешниот ден, и со тоа го потврдија она што со денови се најавуваше.

Како што е добро познато, Јувентус е отстранет од страна на УЕФА од натпреварувањата во Европа поради финансиските малверзации, а платија и казна од 20 милиона евра.

Фиорентина сезоната во италијанскиот шампионат ја заврши на осмото место. Минатата сезона виолетовите стигнаа до финалето на Конференциската лига, но загубија во спорот за трофејот од Вест Хем.

 

 

ПретходноВојдан и Нено и се приклучија на репрезентацијата
СледноБаерн сега тргнува по Боно