И официјално Ливерпул има нов капитен. Ова вечерва на своите официјални социјални мрежи беше објавено од страна на “редси“. Секако дека тоа е Вирџил ван Дајк, холанѓанецот кој последно време се наметна како еден од клучните играчи на гигантот од „Енфилд“.
Негов заменик е Трент Александер – Арнолд.
Ова доаѓа по заминувањето на Џордан Хендерсон во Ал – Етифак во С. Арабија.
Инаку Ван Дајк беше и досега капитен ако на теренот не беше Хендерсон, па така ова и не е којзнае какво изненадување.