Ѓорческа со пресврт до победа во првото коло од Хешинген

82

Лина Ѓорческа успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во германскиот град Хешинген. Таа беше подобра од Тена Лукас од Хрватска со 2-1 во сетови (46 63 62) за 2 часа игра. Ова беше трета победа во меѓусебните дуели со Лукас во исто толку мечеви и трета со истиот резултат 2:1 во сетови.

Првиот сет и припадна на хрватската тенисерка која направи два брејка и поведе со 4:1 во гемови, а нашата тенисерка ја врати неизвесноста и изедначи на 4:4. Но, повторно Лукас направи брејк во деветтиот гем откако Ѓорческа имаше три двојни сервис грешки. Во вториот сет до 3:3 беше изедначено, а во осмиот гем Ѓорческа направи брејк за 5:3 и сетот го доби со 6:3. Во решавачкиот сет се водеше голема борба и по 3:2 во гемови за Ѓорческа, на сервис на македонската тенисерка во шестиот гем беа одиграни беа одиграни 22 поена. Првата брејк топка Ѓорческа ја спаси со ас сервис, а потоа спаси уште четири брејк топки и ја реализираше четвртата гем топка по која поведе со 4:2. Овој гем се покажа како решавачки бидејќи ги доби нашата тенисерка и сетот заврши со 6:2.

Во текот на мечот Ѓорческа имаше 5 аса, а Лукас ниту еден. Нашата тенисерка имаше 15 двојни сервис грешки, а хрватската тенисерка 11. Решавачки сепак брејк топките: Ѓорческа имаше реализација од 78% (7/9) за разлика од Лукас која имаше 38% (5/13).

На овој турнир што се игра за награден фонд од 60.000 долари Ѓорческа со Алена Фомина-Клоц ќе настапи и во конкуренција на двојки и ќе играат против Мариана Дражиќ (Хрватска) и Анита Вагнер (БиХ).

ПретходноУЕФА го казни Левски со 40.000 евра за провокациите и скандирањата во Скопје
СледноПознати се стартните состави: Дуро не експериментира, Струга ТЛ тргнува со стандардните единаесеттмина!