Швајцарски репрезентативец во Севиља за 10 мил.евра

130

Швајцарскиот репрезентативец Џибрил Соу е нов фудбалер на Севиља откако неговиот клуб Ајнтрахт и шпанскиот прволигаш се договориле за обесштетување од 10 милиони евра плус уште 4 милиони во форма на бонуси. Тој ќе потпише договор на пет години.
Тоа е првиот играч што го ангажира новиот спортски директор на Севиља, Виктор Орта кој го замени Мончи кој си замина поради несогласувања со управата.
Соу беше баран од многу европски клубови, блиску до него беше Лацио но на крајот фудбалерот ја одбрал Севиља.
Инаку се работи за играч од средниот ред кој е роден во Цирих и во истиот клуб ја почнал кариерата. Потоа играше за Борусија Менхенгладбах, па од 2017 до 2019 година за Јанг Бојс, а потоа во Ајнтрахт.
Што се однесува до Севиља, потврдено е заминувањето на Рони Лопез. Клубот скапо го плати, а тој се покажа како огромно промашување, играше на позајмица во неколку клубови сега ќе оди во Брага за половина милион евра.

ПретходноРоналдо го спаси Ал Наср од пораз во дебито на Садио Мане (видео)
СледноГермански репрезентативец е осмото засилување на Галатасарај