Италија посилна за Галинари, Белинели и Датоме на ЛОИ во Токио?

423

Кошаркарот на Атланта, Данило Галинари изрази подготвеност да заигра за Италија на Олимписките игри во Токио.

Галинари го пропушти последниот квалификациски турнир за пласман на ЛОИ поради обврски во финалето на НБА лигата каде со својот тим играше во финалето на Истокот против Милвоки Бакс.

Галинари ја донел одлуката уште пред решавачкиот натпревар со Србија вчера и им кажал на луѓето од селекцијата и на селекторот Сакети дека можат да сметаат на него, ако Италија игра во Токио.

„Сè уште верувам во Олимписките игри, и ако тренерот ми даде шанса да одам, ако ја победиме Србија, ќе бидам почестен“ , рекол тој.

Одлуката за поканата за Галинари, како и за Датоме и Белинели, кои го пропуштија турнирот во Белград, ќе ја донесе исклучиво тренерот Ромео Сакети.

ПретходноСтигна до полуфинале на Еуро 2020, а понекогаш не знае кои се негови соиграчи на теренот
СледноОперација „чистење“: Лапорта отвори распродажба, само за да собере пари за нов договор на Меси