Керим Демирбај е новиот фудбалер на Галатасарај. Германскиот репрезентативец кој има два настапи и еден гол за националниот тим пристигна од редовите на Баер Леверкузен каде што играше изминатите четири сезони.
Се работи за фудбалер кој има турски корени, има играно за младинските категории на Турција, а во 2017 година дебитира за сениорите на Германија. Тој целата кариера ја помина во Германија, прво во младинските тимови на Шалке и Борусија Дортмунд, потоа во сениорите на Хамбургер, Кајзерслаутерн, Фортуна Дизелдорф, Хофенхајм и Баер Леверкузен.
Галатасарај за него ќе плати 3,7 милиони евра, а играчот потпиша договор на три години.
Истанбулскиот великан претходно ги купи Мауро Икарди, Кан Ајхан, Седрик Бакамбу, Халил Дервишоглу, Џунај Џувенч, а го позајми Анхелино, додека како слободен играч дојде Вилфред Заха.