Македонските репрезентативци Јован Манев и Милан Ристовски со своите тимови се пласираа во 3. квалификациско коло од Лигата на конференции. Манев беше дел од тимот на Адана Демирспор кој славеше со 2:1 на реваншот со романски Клуж. Првиот меч заврши 1:1, па оваа победа ја однесе Адана понатаму. Манев играше од 70 минута, а тимот предводен од Патрик Клајверт успеа да избори пласман во следната фаза.
Ристовски со Спартак Трнава со вкупни 5:2 ја елиминираа летонската Ауда. Нашиот играч беше на клупата за резервни играчи на реваншот.
Филип Најдовски и Тирана се елиминирани по новиот пораз од Бешикташ. Турците победија со 3:1 во Истанбул, а вечерва славеа и во Тирана со 2:0. Најдовски ја носеше капитенската лента за Тирана.
Андреј Стојчевски и неговата Жилина доживеаја втор убедлив пораз од Гент, сега со 2:5 на домашен терен. Првиот меч го загубија со 5:1. Стојчевски беше резервна на денешниот меч.
Доријан Бабунски играше до 73 минута во поразот на Дебрецин од Алашкерт со 1:2. Првиот меч го добија Унгарците со 1:0, а реваншот Ерменците па се играа продолженија.