Шпанскиот напаѓач Роберто Солдадо објави дека по 21 година ја завршува фудбалската кариера. Солдадо најдобриот период од својата кариера го имаше во Валенсија за која постигна 59 гола во три сезони. Играше и за Реал Мадрид, Осасуна, Хетафе, Виљареал, Гранада, Леванте, Тотенхем и Фенербахче.
За Шпанија одигра 12 натпревари и постигна седум погодоци.
„Денеска ставам точка на 21 години кариера, и така завршувам еден сон за кој мислев дека никогаш нема да се оствари, односно дека нема толку да трае“, порача Солдадо.