Јошко Гвардиол е веќе нов член на Манчестер Сити. Сагата која траеше речиси еден месец е завршена и сега останува само хрватскиот стопер и официјално да се промовира во дресот на “сините“ од Манчестер.
Пеп Гвардиола, менаџерот на европскиот првак имаше интересен коментар за доаѓањето на Гвардиол, кој до вчера беше член на Лајпциг и за 90 милиони евра дојде на „Етихад“.
“Има преубаво презиме. Сите знаеме колку е талентиран во одбраната“ посочи Гвардиола.