Нов гол на Митровски за Вараждин! (ВИДЕО)

226

Уште еден одличен настап на Димитар Митровски во дресот на Вараждин. Вечерва на гостувањето кај Локомотива, екс младинскиот репрезентативец во 19.минута со убав гол со волеј удар, му донесе водство на својот тим од 0:1. Сепак на крајот мечот заврши со резултат 1:1.

Ова беше негов втор гол во изминатите три кола во ХНЛ за неговиот нов тим.

Да кажеме дека за домашниот состав, свој настап имаше и младиот Фета, кој ова лето од Работнички направи трансфер во Локомотива.

ПретходноЕП-У16-ДИВИЗИЈА А – СКОПЈЕ 2023: Главна цел е останување во елитата!
СледноГедбан: Во Битола сум како дома!