Репрезентативката на Република Бугарија Антонина Шопска, е нов член на женскиот фудбалски клуб Каменица Саса.
Шампионот во женски фудбал се засилува пред настапот во Лигата на шампионите, каде ќе игра со Јувентус.
Шопска потпиша договор на една година, а доаѓа од Пирин Лејдис. Има 21 година, а минатата сезона постигнала 21 гол.