Викендов стартува 32.шамионат во ПМФЛ во самостојна Македонија. Во сезоната што е пред нас ќе се натпреваруваат седум екипикои досега биле шампиони, додека Победа ќе игра во ВМФЛ а Ренова како прв тим не постои.
Кога сме кај шампионите да споменеме дека Вардар досега во изминатите 31 првенства е најтрофеен со 11 титули. Во два наврати има “хет-трика“, од 1992/93 до 1994/95 и од 2014/15 до 2016/17.
Следуваат со по четири титули Работнички, Шкендија и Слога Ј/Шкупи. Победа која сега е второлигаш, во два наврати била првак на Македонија. Додека по еднаш прваци биле Македонија ЃП, Ренова и Струга ТЛ.
ОВА СЕ ЕКИПИТЕ КОИ БИЛЕ ШАМПИОНИ
ВАРДАР – 11 титули: 1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02, 2002/03, 2011/12, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2019/20
РАБОТНИЧКИ – 4: 2004/05, 2005/06, 2007/08, 2013/14
ШКЕНДИЈА – 4: 2010/11, 2017/18, 2018/19, 2020/21
СЛОГА Ј/ШКУПИ – 4: 1998/99, 1999/00, 2000/01, 2021/22
СИЛЕКС – 3: 1995/96, 1996/97, 1997/98
ПОБЕДА – 2: 2003/04, 2006/07
МАКЕДОНИЈА ЃП – 1: 2008/09
РЕНОВА – 1: 2009/2010
СТРУГА ТЛ – 1: 2022/23