ПМФЛ – 2023/24: Пет клубови со странски тренери, од сите 12 стратези само Дуро бил шампион во нашата елитна лига!

291

Како никогаш досега толку странски тренери во нашата ПМФЛ, односно во нашите прволигашки клубови, во новата сезона која почнува денеска. Од 12 клубови дури пет имаат тренери од странство, еден од Италија што навистина е раритет. Тоа е Џовани Валенти кој ќе ја предводи екипата на Брера Струмица.

Имаме двајца стратези од Турција, тоа се Чихат Арслан (Шкупи) и Мурат Дабан (Гостивар) како и еден од Црна Гора а тое Миљан Радовиќ (Воска).

Секако дека не заборавивме на највозрасниот Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ. Токму Дуро од сите 12 екипи бил првак, минатата сезона со стружани, во нашата Прва лига.

Од домашните тука се Ардијан Нухиу (Шкендија), Горазд Михаилов (Силекс), Горан Здравков (Брегалница), Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш), Горан Симов (Македонија ЃП) кој има и наш пасош па затоа го водиме како македонски државјанин, Милан Илиевски (Работнички) и Бобан Грнчаров (Вардар).

КЛУБОВИ И НИВНИТЕ ТРЕНЕРИ

СТРУГА ТЛ – Шпетим Дуро (Албанија)

ШКУПИ – Чихат Арслан (Турција)

ШКЕНДИЈА – Ардијан Нухиу

СИЛЕКС – Горазд Михаилов

БРЕГАЛНИЦА – Горан Здравков

ТИКВЕШ – Ѓорѓи Мојсов

МАКЕДОНИЈА ЃП – Горан Симов

РАБОТНИЧКИ – Милан Илиевски

БРЕРА СТРУМИЦА – Џовани Валенти (Италија)

ГОСТИВАР – Мурат Дабан (Турција)

ВОСКА – Миљан Радовиќ (Црна Гора)

ВАРДАР – Бобан Грнчаров

ПретходноСензација на “Максимир“: Ристовски и Динамо одиграа само 0:0 против Горица!
СледноБокс спектаклот во Тексас за Џејк Пол (ВИДЕО)