Андоновски и САД запрени во осминафиналето на СП

142

Светот ќе добие нов фудбалски шампион во женска конкуренција откако бранителот на трофејот, селекцијата на Соединетите Американски Држави доживеа елиминација на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.

САД чиј селектор е Македонецот Влатко Андоновски се запрени во осминафиналето од Шведска. Мечот заврши без голови во регуларниот дел и по продолженијата па одлучуваа пеналите.

Во третата серија Американките имаа предност од 3:2, но потоа Смит промаши, а Швеѓанките преку Бенисон изедначија. Следуваа два погодени пенали за 4:4, а потоа О’Хара промаши за САД, додека Хуртиг ја затресе мрежата за победа на Шведска со 5:4.

Во четвртфиналето се пласира и Холандија која со 2:0 ја совлада Јужна Африка.

Холандија ќе игра со Шпанија во четвртфиналето, додека Шведска ќе се соочи со Јапонија.

ПретходноКомјунити шилд – Арсенал и Сити бркаат трофеј на стартот на сезоната во Англија
СледноПротестанти направија метеж на велосипедската трка од светскиот шампионат