Саудијците се заканија: Ова е само почеток, ќе видите што ќе направиме идната година

346

Трансферите на фудбалерите од европските клубови во клубовите од Саудиска Арабија нема да застане ова лето. Тоа се зборови на еден од директорите на локалната Про лига. Тој додаде дека во иднина ќе има уште многу трансфери на ѕвезди од Премиер лигата во Про лигата.

Според британски „Мирор“ следна цел на Саудијците ќе бидат Кевин де Брујн од Манчестер Сити и Мохамед Салах од Ливерпул.

Ова е само почеток“, коментира шефот на Про лигата за „Мирор“.

Буџетот ни е астрономски и веќе имаме сериозен интерес кон водечките играчи од англиското првенство кои се репрезентативци. Малку од нив издржале на искушението, кога ги виделе понудите. Може да се обложите дека уште топ играчи ќе пристигнат кај нас идното лето“.

Досега многу ѕвезди направија трансфери во Про лигата. Нога потегна Кристијано Роналдо, а ова лето трансфери направија Ријад Марез, Џордан Хендерсон, Нголо Канте, Карим Бензема, Едуард Менди, Калиду Кулибали, Рубен Невеш, Садио Мане, Марсело Брозовиќ и др.

Премиерлигашите се веќе исплашени од инвазијата на Арапите, па реагираат до ФИФА да преземе нешто за да го ограничи влијанието на клубовите од С.Арабија на трансферниот пазар.  Тие негодуваат дека не можат да планираат ништо пред сезоната затоа што Арапите им ги „земаат“ играчите пред нос, а тие немаат време да реагираат и да најдат достојни замени.

Про лигата сериозно се развива, а клубовите можат да ангажираат до седум странски фудбалери.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола неодамна рече дека Саудијците тотално го променија трансферниот пазар.

 

ПретходноЕден милиметар ги елиминира САД од женскиот Мундијал
СледноСП У-19: Познати се термините во кои Македонија ќе игра во главната рунда на Мундијалот!