Анелка до Мбапе: Ако сакаш да си најдобар оди си од ПСЖ

459

Еден од оние кои и тоа како е компетентен за да зборува за фудбалските текови, да дава совети на помладите, и да биде авторитет едноставно е Никола Анелка. Некогашниот број еден талент во светот, кој и покрај огромниот потенцијал никогаш не се разви во она што требаше, промени десетина клубови во кариерата. Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, Челзи, се од ред великани во кој тој имаше шанса да се докаже. Секаде правеше проблеми, едноставно таков е неговиот карактер, како и во репрезентацијата на Франција каде што своевремено беше суспендиран поради јавни критики кон селекторот Доменек.

Сега, во некаква слична ситуација, како неговата е Килијан Мбапе. Огромниот потенцијал кој го поседува засега е сконцентриран на ПСЖ односно репрезентацијата на Франција и истиот полека го надминува.

„За да биде најдобар ќе мора да ја промени средината. Да, ПСЖ е добар, но само за Француската лига. За да освоиш златна топка мораш да одиш во Шпанија или Англија. За да бидеш подобар од Кристијано Роналдо или Меси мора да се натпреваруваш со нив, а не во Франција. Мора да си на највисоко ниво. Тој има две опции пред него, да замине од ПСЖ или да остане. Ако остане ќе биде само најдобар во ПСЖ и ништо повеќе, но ако сака да биде најдобар во светот, е тогаш мора да биде дел од Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул“ – изјави Анелка.

 

ПретходноЃоковиќ лесно против Гарин за пласман во четвртфинале
СледноАтлетико се пофали со своето прво засилување