Александар Исаевски нов играч на Тирана

778

Македонскиот интернационален, Александар Исаевски, кој до сега беше дел од тимот на Влазниа, летово прави трансфер во Тирана.

Одличните партии кои дефанзивецот ги имаше во Влазниа го препорачаа во еден од најдобрите клубови во Албанија. Тирана минатата сезона резултатски потфрли, а Исаевски е еден од оние со кои што клубот сака да се врати на самиот врв на табелата.

Момчето кое израсна во Америка, играше уште и за Победа и Дунав Русе во Бугарија.

ПретходноБајиќ ги отвори вратите за синовите на легендарните македонски кошаркари
СледноТурците почнаа со наддавање за Џани: Галата е најблиску, Фенер и Трабзон во игра