Лудост: Катарците ќе му забранат на Мбапе влез на “Паркот на Принцовите“!

388

Се чини дека катарските газди на ПСЖ едноставно не можат да го “сварат“ фактот дека ја изгубија “војната“ со Килијан Мбапе. Тој нема намера да си оди, но нема намера ниту да го продолжи договорот, па така тие ПСЖ ќе биде во загуба од најмалку 200 милиони евра за само една година, без разлика напаѓачот нема да заигра ни секунда во новата сезона во дресот на ПСЖ, откако јавно се кажа дека клубот од Париз не смета на Мбапе во сезоната 2023/24.

Па така сега, според извори од Париз, катарците имаат намера да му забранат влез на Мбапе на стадионот на ПСЖ, популарниот “Паркот на Принцовите“. Тој не смее да биде на трибините на стадионот а камо ли во ложата.

ПретходноЛина обезбеди финале на ИТФ Фјучeрсот во Осијек
СледноПресврт: Челзи понуди 115 милиони фунти за Каиседо, пет повеќе од Ливерпул!