Навистина непријатна сцена на мечот Барнли – Манчестер Сити, кој патем заврши со 0:3 за гостите, и тоа на полувремето. И покрај фактот дека Норвежанецот постигна, до тој момент, два гола, сепак Пеп Гвардиола му се дереше како да промашил сто шанси а противникот води со 5:0.
Guardiola e Haaland saíram assim para o intervalo. 😁pic.twitter.com/2uOZiNR2AO
— ⚽ (@DoentesPFutebol) August 11, 2023
Пеп Гвардиола по мечот откри зошто му беше толку лут на својот напаѓач:
“Тој секогаш сака топката да му се додаде нему и само нему. Постојано сака да се проигрува во простор. Да, Ерлинг ја сакаше топката, но Бернардо направи добар потег што не му ја подаде. Да, постигна два гола, верувам дека е среќен“ истакна Гвардиола.
Халанд пак посочи:
“Инцидентот се случи после последната акција по која му се налутив на Бернардо затоа што не ме проигра мене, ете затоа Пеп ми се налути. Сепак, треба да кажам дека не постои тренер во светот како Пеп од кого може да се научи толку многу“.
ФОТО: Twitter