Уште една европска задача за нашите судии, поточно за Александар Ставрев. Имено тој на 17 август ќе ја дели правдата на реванш мечот од 3.квалификациско коло во ЛК меѓу Дебрецин и Рапид Виена, инаку првиот меч заврши 0:0.
Тоа значи дека еден од нашите најдобри судии ќе му суди на нашиот интернационалец Дориан Бабунски кој го предводи нападот на Дебрецин.
Како што рековме натпреварот се игра на 17 август во Деврецин (Унгарија) со почеток од 21 часот.
Да кажеме дека на Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов, Куштрим Лика и Јован Качевски како четврти судија.