Иван Николов со гол-првенец во убедливиот триумф на Сондерјиске

357

Младиот репрезентативец на Македонија, Иван Николов, го постигна својот гол-првенец во дресот на дански Сондерјиске. Денеска во натпревар од 4. коло на данската Втора лига, Сондерјиске на домашен терен со убедиви 5:0 славеше над екипата на Хорсенс, а нашиот интернационалец го отвори резултатот со гол уште во 21. минута.

За Николов ова е прв гол во дресот на данскиот тим, каде дојде ова лето. Покрај Николов во дресот на Сондерјиске беше и уште еден наш интернационалец, Сефер Емини, кој почна како партнер на Николов во средниот ред, но ја напушти играта во 63. минута кога беше заменет. Зад Емини на овој меч останува запишана асистенцијата за вториот гол на домашните.

За Сондерјиске ова е втора победа сезонава.

ПретходноТуркоглу најави санкции за Вилбекин и Ларкин кои одбија да играат на Мундобаскетот!
СледноАрапите пристигнаа во Англија за да го договорат трансферот на Митровиќ