Клуб од Еквадор ќе заработи 27 мил.евра од трансферот на Каиседо

156

Еквадорецот Моисес Каиседо ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на британскиот фудбал. Тој од Брајтон ќе премине во Челзи за 133 милиони евра. Но сите пари нема да завршат на сметката на Брајтон.
Имено, дури 27 милиони евра ќе завршат на сметката на неговиот прв клуб Индепендиенте дела Вале. Овој клуб кој во 2021 година ја освои единствената титула во Еквадор од нигде никаде ќе добие фантастична сума на пари.

Спорт информациите од оваа јужноамериканска земја, Индепендиенте ќе ги искористи парите за да изгради нов тренинг комплекс на клубот во Санто Доминго, но и во развој на тимот во смисол на нови играчи.

ПретходноОфицијално: Каиседо во дресот на Челзи! (ВИДЕО)
СледноСтруга ќе биде ново уживање за ракометните „гурмани“