Неверојатно: Партизан билетите за реваншот со Сабах ги продава по 160 денари!!!

405

Ете на што спадна Партизан, еден од најголемите клубови на овие простори. Повеќекратен шампион на екс-СФРЈ и Србија, клуб кој во 1966 година играше во финалето во Купот на Шампините кога загуби од Реал Мадрид во Брисел со 1:2.

Ете тој Партизан за реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конфереренции, в четврток, со Сабах, билетите ги продава во 160 денари или 299 српски динари. И тоа за сите сектори.

Познато е дека најверните фанови на “црно – белите“ го бојкотираат клубот, па така сега Партизан речиси ги “моли“ фудбалските вљубеници да дојдат на стадионот и да го бодрат тимот и тоа за бадијала, за 160 денари.

Неверојатно.

ПретходноСтруга ќе биде ново уживање за ракометните „гурмани“
СледноШампионот тренира во Струга а со мислите е кон Есперанж, утре се лета за Дортмунд, па со автобус за Луксембург! (ФОТО)