На адресата на Роберто Манчини стигнаа бројни критики по одлучата да ја напушти италијанската репрезентација. Причината за ваквиот потег е тамошната федерација која ја обвинува за недоверба и кадровски промени, особено за заминување на неговите помошници.
„Размислував за тоа со месеци и беше време да заминам бидејќи кога некои работи, некои ситуации се менуваат внатре без мене, што води кон крајот“, објаснува и додава дека Саудиска Арабија нема никаква врска со неговата одлука.
„Италија отсекогаш ми била приоритет. После толку години на оваа позиција, добивам различни предлози кои ќе ги разгледам во наредните недели, но ништо конкретно во моментов. Така што Саудиска Арабија нема никаква врска со тоа.
Со федерацијата не бевме на иста бранова должина, секогаш е подобро да се предвиди пред да се случи нешто посериозно. Одлуката ја донесов со голема тага бидејќи се грижев за Италија. Ако сакаа да го задржат, ќе го стореа тоа. Дали требаше да заминам порано? Веројатно“, изјави поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити.
ФИГЦ веќе има неколку опции, една е Антонио Конте, кој веќе ги водеше „аѕурите“ меѓу 2014 и 2016 година и Лучијано Спалети.