Серхио Рико, голманот на ПСЖ и неговото семејство по цели 82 дена, колку што беше во болница, имаат причина за радост, за насмевки. Имено тој е пуштен на домашно лекување.
Секако дека тоа е убава вест за фудбалски фанови.
Откако на 28 мај се случи несреќата, кога Рико падна од коњ и се повреди, тој беше во болница цело ова време. Во одредени моменти беше и во животна опасност.
Сега е полесно, тој е подобар а по излегувањето од болницата рече дека му се исполнил сонот што ете доживеал да се врати во својот дом меѓу своите најблиски.