Стигна убава вест: Струга Трим Лум ќе го пречека БреидаБлик во Охрид

960

Добра вест за фановите на македонскиот првак. Струга Трим Лум дуелот против Бреидаблик од плејофот за влез во групната фаза на Конференциската лига ќе го игра на 24-ти август во Охрид. Оваа информација доаѓа од сајтот на УЕФА, но истата ја потврди и ФФМ.

Мечот стои дека ќе се игра со почеток во 20 часот, но истиот сигурно ќе биде закажан порано бидејќи стадионот нема рефлектори. Судиите кои ќе ја делат правдата ќе бидат од Полска.

„До Фудбалската Федерација на Македонија пред малку стигна потврда од УЕФА, дека стадиони “Билјанини Извори” во Охрид ке биде домаќин на плеј оф натпреварот Струга Трим Лум против БреидаБлик од Исланд за пласман во групна фаза од Лигата на Конференци.

Поради ова одлука, натпреварувачката комисија на ФФМ е принудена да го презакаже дуелот од 2-та коло на 2МФЛ мегу Охрид Лихнидос и Караорман за 30-ти август. Одлуката е донесена со цел да се создадат сите неопходни услови на стадионот за организацијата на натпревар од УЕФА натпреварување, а тука првенствоно се мисли на заштида на тревникот на Билјанини Извори.

Се недаваме дека доцната принудна промена на вистински начин ке ја разберат двете екипи од Втора Лига, кој својот натпревар требаше да го одиграат утре и ке бидат подршка за македонскиот првак Струга Трим Љум во намерата да обезбеди хисториски пласман во УЕФА групно натпреварување“, се вели во соопштението на ФФМ. 

ПретходноНЕ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ТОАЛЕТ БЕЗ НЕГО: Бекам ангажираше човек кој го следи Лео дури и покрај терен (ВИДЕО)
СледноДибиров: Сакав кариерата да ја завршам во Скопје! Ниту јас, ниту Вардар сакавме да се разделиме!