ОФИЦИЈАЛНО: Спалети на чело на „Аѕурите“

97

Лучано Спалети е новиот селектор на Италија, соопштија од локалната Фудбалска федерација. Тој го предводеше Наполи до титулата во Серија А, а потоа го раскина договорот, а сега потпиша со Италија и договорот стартува од 1 септември и се со важност до 2026 година.
„Спалети ќе го преземе кормилото на Италија на 1 септември. Официјалното претставување ќе биде во базата Коверчано, пред почетокот на подготовките за квалификациските натпревари со Македонија и Украина“, соопштија од ФИГЦ.
Спалети доаѓа на местото на Роберто Манчини кој пред неколку денови изненадувачки поднесе оставка.

ПретходноШахтјор Доњецк мечевите како домаќин во ЛШ ќе ги игра во Хамбург! (ФОТО)
СледноБајевски се повлече од функцијата спортски директор во Вардар