„Чајка“: Јапонците не збришаа во три сета, Египет ја победи Грција

237

Одбојкарската репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 0:3 (20-25, 18-25, 22-25) од Јапонија го започна настапот на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва избраниците на Јошко Миленкоски во бледо издание не успеаја да им парираат на гостите од Азија, кои покажаа поголема желба за победа, но и подобра форма во целиот подготвителен период кој го минаа овде кај нас.

Нашите одбојкари во трите сета не успеаја да покажат дел од репертоарот на познатата пожртвувана игра, а Јапонија изгледаше дека рутински го приведува мечот до победа. Имавме проблеми со сервисот, не функционираше ниту блокот во најголемиот дел од мечот, а и немавме решение за пожртвуваната игра на Јапонците, кои не ни дозволија да освојуваме лесни поени. Овој меч треба да биде добра поука пред продолжението на турнирот и утрешниот дуел со Египет и оној в недела против Грција, кои мора да се искористат за елиминирање на недоследностите во играта, затоа што турнирот „Чајка“ за нас е последна проверка пред стартот на ЕП 2023.

Во првиот меч на турнирот денеска, нашиот утрешен ривал Египет со 3:1 (25-17, 25-20, 22-25, 25-22) славеше над селекцијата на Грција.

МЕМОРИЈАЛ „ЧАЈКА“

1 КОЛО:

Египет – Грција     3:1 (25-17, 25-20, 22-25, 25-22)

Македонија – Јапонија 0:3 (20-25, 18-25, 22-25)

2 КОЛО (САБОТА)

17:30 Јапонија – Грција

20:15 Македонија – Египет

ПретходноСити се повлече од преговорите за Пакета – против играчот е отворена истрага за обложување
СледноСТРУГА 2023: АЕК совладан, Алкалоид му закажа финале на Вардар 1961