СТРУГА 2023: АЕК совладан, Алкалоид му закажа финале на Вардар 1961

196

Алкалоид се пласираше во финалето на меѓународниот турнир во Струга откако славеше против АЕК со 26-23. Во битката за трофејот, македонскиот вицепрвак силите ќе ги одмери со Вардар 1961, дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Ромеро имаше седум одбрани, Серафимов запиша пет гола, по четири имаа Митев и Бинго.

Одличен старт на избраниците на Кирил Лазаров, поведоа со 7-4 во десетата минута и 10-7 на средината на првото полувреме. Неколку грешки во серија беа доволна причина за АЕК да направи серија од 1-4 и да дојде до водство од 10-11. Три минути подоцна ракометарите на Алкалоид ја вратија позитивата (12-11). Грчкиот тим влезе во нова серија и на одморот замина со позитива од 13-16.

АЕК држеа позитива од три гола, во 39 минута беше 17-20. Со серија од два гола, македонскиот вицепрвак успеа да дојде на негатива од еден гол 19-20, а потоа и да израмни на 21-21. Ѓоргиев не успеа да го врати водството, не реализираше зицер. Мацкевиќ успеа да одбрани и седмерец на Серафимов.

Кончено Бинго го совлада противничкиот голман, израмни на 21-21 во 49 минута. Од овој момент се играше гол за гол. Ромеро во вистинси момент го одбрани ударот од седум метри на АЕК, а Митев со четвртиот гол донесе водство од 24-23 на шест минути до крајот. Кубанскиот голман имаше две нови интервенции, а неговиот тим не ги искористи за зголемување на позитивата, на голема среќа грешеше и АЕК. Серафимов со петтиот погодок донесе 25-23 во 58. минута. По новата грешка на противникот Стојковиќ зголеми на 26-23, тука беше крајот на оваа средба.

Претходно„Чајка“: Јапонците не збришаа во три сета, Египет ја победи Грција
СледноАстон Вила го објави трансферот на Заниоло