Досегашниот член на тимот на Барселона Жуниор Фирпо, е нов член на тимот на Лидс.
Трансферот е вреден 15 милиони евра, плус 20% од неговиот следен трансфер. Фирпо е член на тимот на Барселона од 2019 година но не се наметна како константен член на стартниот состав туку одигра едва 40 мечеви.
Договорот на Фирпо со Лидс е до летото 2025 година.
Англиските медиуми го најавуваат Фирпо како директна замена за нашиот Џани Алиоски кој летово заминува од клубот.